Невработеноста во Грција во ноември 2013 година забележа нов историски рекорд за земјата достигнувајќи 28 проценти од работоспособното население, соопштуваат грчките медиуми повикувајќи се на Националната статистичка служба (ЕЛСТАТ).
Според податоците на статистичарите, во Грција веќе има околу 1,4 милион невработени (1. 382. 062). Во ноември 2013 година бројот на невработени се зголемил за 78. 041, наспроти истиот месец во 2012 година (пораст од пест проценти) и за 5.698 во споредба со октомври 2013 година (пораст од 0,4 проценти).
Во ноември 2013 година стапката на невработеност достигна 28 проценти. Во ноември 2012 година таа изнесуваше 26,3 проценти, а во октомври 2013 година 27,7 проценти.
Во Грција има 3. 550.679 вработени, а економски неактивното население во земјата изнесува 3.376. 643 лица.
Невработеноста меѓу жените во Грција достигна 32,2 проценти, а кај мажите е 24,9 проценти.
Пред најсериозен проблем се исправени младите Грци до 24- годишна возраст бидејќи дури 61,4 проценти од нив не можат да си најдат работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција