Перо Антиќ, за жал, не успеа во трката со времето за да ја санира повредата на скочниот зглоб и нема да учествува на утрешниот меч на „Рајзинг старс челенџот“ во Њу Орлеанс иако беше избран од помошник-тренерите во НБА-лигата. Мајлс Пламли од Феникс санс ќе настапи како замена за македонскиот кошаркар во Њу Орлеанс.
Антиќ со игрите во Атланта хоукс се избори за учество на олстар-викендот од 14 до 16 февруари, но немаше среќа и се повреди на дваесетина дена пред стартот на еден од најголемите спектакли во модерниот спорт, олстар-викендот на „Сите ѕвезди во НБА“.
Антиќ е првиот македонски кошаркар што игра во НБА, а историски договор направи Атланта хоукс, каде што нашиот кошаркар ќе игра оваа и следната сезона за вкупно 2,45 милиона долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.