| четврток, 6 декември 2018 |

Опасен вирус прави парче на интернет

„Careto“ (шпански збор за грдо лице или маска) е името на новиот вирус, кој моментално прави парче по интернет, а доколку заврши во вашиот компјутер, може да предизвика серија сериозни проблеми, пренесува „Вашингтон пост“.

Вирусот се шири преку е-пораки, кои на прв поглед се чини дека се стигнати од легитимна адреса (новинарите го наведуваат примерот со британски „Гардијан“).

Но, кога корисникот ќе кликне на приложениот линк, истиот го пренасочува на сомнителна веб-страница, која го скенира неговиот компјутер и трага по ранливост на системот.

Вирусот засега се покажа како најопасен за оперативните системи „виндоус“ и „линукс“, а многумина сметаат дека наскоро стигнува и негова верзија за „иос“ и за „андроид“.

Еднаш кога компјутерот ќе стане заразен со овој вирус, штетниот софтвер собира лозинки, сообраќај на мрежата, ги следи разговорите на „Скајп“, го анализира „Ви-Фи“ сообраќајот и ја следи работата со податоци. Потоа, преку вашиот компјутер, следи напад на друг. Интересно е тоа што никој не знае од каде доаѓа вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top