| четврток, 6 декември 2018 |

Европска централна банка: Инфлацијата е ниска, растот се забрзува

European-Central-Bank-building-Medium

Инфлацијата во еврозоната ќе остане под целното ниво во наредните неколку години, а стопанскиот раст ќе се забрза, покажала анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ).

Редовната квартална анкета на банката покажала дека се очекува инфлацијата во 17 земји на еврозоната, не сметајќи ја Летонија која неодамна се приклучи на монетарниот блок, оваа година да изнесува 1,1 отсто, пренесува агенцијата „Франс прес“.

ЕЦБ додава дека во 2015 година се очекува забрзување на инфлацијата на 1,4 отсто, а 2016 година на 1,7 отсто. Во рамки на претходната анкета од ноември, очекувана е инфлација од 1,5 отсто во 2014 година и 1,6 отсто во 2015 година.

Банката смета дека постои ценовна стабилност кога стапката на инфлација е блиску, но под 2 отсто. Учесниците на анкетата како причина за намалување на прогнозата ја наведуваат пониската цена на суровините, апресијацијата на еврото и слабоста во економијата и на пазарот на труд.

ЕЦБ минатата недела ја задржала клучната каматна стапка на историски минимун од 0,25 отсто во услови на многу ниска инфлација во еврозоната. Претседателот Марио Драги  инсистира дека во регионот не постои закана од дефлација, кобниот вртлог на пад на цени.

Анкетата на ЕЦБ, исто така, покажала дека во еврозоната во 2014 година се очекува стопански раст од 1 отсто, а во 2015 година 1,5 осто, после падот од 2013 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top