| четврток, 6 декември 2018 |

На француски универзитет се изучува книга од македонски амбасадор

Книгата „ Новата ера во европската одбрана: ЕУ и НАТО блиску еден до друг“ на актуелниот македонски амбасадор во Будимпешта Дарко Ангелов стана задолжително четиво на престижен француски универзитет.

Во  зимскиот семестар на еден од водечките светски универзитети  “Sciences Po” во Париз студентите како задолжителна литература ја имаат книгата на Ангелов кој пред да замине во Унгарија како македонски претставник беше шеф на кабинет на Претседателот Иванов а предходно работел и за Советот на Европа.

Покрај Ангелов чија книга е прва од трите задолжителни по предметот „Европска безбедност и одбранбена политика војни мисии“ ,  студентите ќе читаат и дела на висок функционер на НАТО Стефани Бабст и Словечкиот научник Јозеф Батора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top