| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонска нација“ го пречека Антиќ во Торонто

Повеќе од 600 члена на здружението „Македонска нација“ го пречекаа вчера во Торонто македонскиот репрезентативец Перо Антиќ.

Приемот, кој за Антиќ го  организираше македонската дијаспора во Канада, беше организиран на натпреварот меѓу Торонто и Атланта, на кој првпат во историјата дел од домашната публика во чест на Македонецот навиваше за гостинскиот тим.

На Антиќ во име на Македонците од Канада поздравите му ги пренесол конзулот на Република Македонија во Отава, Драган Ѓурчевски, кој во име на дијаспората од овој дел на американскиот континент му посакал брзо заздравување и продолжување на добрите игри во НБА.

Поради повредата, која го мачи веќе три недели, Антиќ сѐ уште не игра за својот тим, кој треба да го претставува на олстарот закажан за овој викенд во Њу Орлеанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top