Македонската филхармонија вечерва во 20 часот во Македонската опера и балет ќе го изведе концертот насловен “Амор”, специјално подготвен за Денот на вљубените.Со оркестарот на Македонската филхармонија ќе диригира Саша Николовски – Ѓумар, а како солист ќе настапи популарната сопранистка Наде Талевска – Спасовска. Таа ќе изведе познати нумери од Мариса Монте, Сезарија Евора, Џенифер Лопез, Луз Касал и др.
Оркестарот под раководство на Ѓумар ќе изведе атрактивни оркестарски композиции од Албениц, Маркес и Бернштајн и повеќе оркестарски аранжмани на композиции од шпанско и латиноамериканско поднебје кои ја одбележаа музичката историја. На програмата, меѓу останатите, се и композиции од “Џипси кингс”, Рики Мартин, традиционални мамбо нумери од Перез Прадо, прекрасното и секому познато танго на Луис Гардел од легендарниот филм Мирисот на жената” и уште многу други возбудливи композиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


