| четврток, 6 декември 2018 |

„Монтевидео, се гледаме!“ на Драган Бјелогрлиќ од денеска во „Синеплекс“

Филмот „Монтевидео, се гледаме!“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ од денеска се прикажува во „Синеплекс“. Станува збор за продолжението на популарниот филм „Монтевидео, бог да те види“ од 2010 година кој во регионот стана голем кино хит и врз основа на кој е снимена истоимената телевизиска серија.

montevideo-bog-te-video-drugi-deo

Дејствието на филмот „Монтевидео, се гледаме!“ е фокусирано на играчите на југословенската фудбалска репрезентација кои во 1930 година пристигаат во познатиот град во Уругвај, каде ќе се оддржи Светското фудбалско првенство. Покрај самите натпревари кои ги одигра тогашната репрезентација за време на првенството, во филмот паралелно следиме и неколку интересни приказни (кои љубовни, кои национални, а кои и фудбалско-професионални).

Вчера во лобито на киното љубителите на филмската уметност имаа можност да го запознаат режисерот Драган Бјелогрлиќ и актерите: Петар Стругар, Иван Зекиќ, Ненад Хераковиќ, Предраг Васиќ, Андрија Кузмановиќ и Раде Чосиќ, кои гостуваа по повод премиерата на филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top