| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот Џејмс погоди тројка за победа

Синоќа во НБА-лигата беа одиграни 13 натпревари. Најинтересен беше мечот во Сан Франциско каде што домашната екипа на Голден стејт ги пречека НБА-шампионите Мајами. Мајами победи со тројката на Леброн Џејмс на само две стотинки до крајот на натпреварот (111-110). Џејмс беше фантастичен со 36 поени, 13 скока и девет асистенции. Иако гостите од Флорида водеа со 21 кош разлика во текот на третиот период, Стеф Кари и другарите успеаја да ја анулираат предноста и во последниот напад на Мајами водат со 110-108. Во последниот напад Леброн успеа да упати шут пред крајот на натпреварот со чекор наназад и да погоди за три поени. Со оваа победа Мајами се реваншираше за поразот од Голден стејт на домашен паркет.
Ова беше 37 победа на Мајами во оваа сезона и сега се наоѓаат на само две победи зад лидерот во источната конференција зад Индијана, која киксираше на домашен терен против Далас (73-81). Гостите успеаја да го запрат лидерот на само 32,5 проценти шут од поле и да не им дозволат да постигнат повеќе од 73 поени со агресивна игра во одбраната. Дирк Новицки и Монта Елис постигнаа повеќе од половината кошеви за својот тим. Ова беше петта победа од шест натпревари за Далас и секако не им се допаѓа паузата од шест дена поради олстар-викендот кој претстои.
ЛА Клиперс во дерби дуелот на западната конфереција успеаја на домашен паркет да слават победа против Портланд. Домаќините во последната четвртина ја стигнаа предноста на Портланд и со 36 поени на Блејк Грифин да слават победа. Сега и двата тима го делат второто место на западот зад лидерот Оклахома.

Резултати:
Голден стејт – Мајами 110-111, ЛА Клиперс – Портланд 122-117, Јута – Филаделфија 105-100, Хјустон – Вашингтон 113-112, Милвоки – Њу Орлеанс 98-102, Њујорк – Сакраменто 101-106 (продолжение), Детроит – Кливленд 89-93, Орландо – Мемфис 81-86, Индијана – Далас 73-81, Бостон – Сан Антонио 92-104, Бруклин – Шарлот 105-89, Минесота – Денвер 117-90, Торонто – Атланта 104-83

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top