| четврток, 6 декември 2018 |

Шмин­ка за про­лет – лес­на и про­ѕир­на

Про­лет­та е со­вр­ше­но вре­ме за по­ка­жу­ва­ње на но­во­то ли­це, со об­но­вен тен и уба­ва шмин­ка, ко­ја ќе ги открие си­те аду­ти, а ќе ги со­крие евен­ту­ал­ни­те не­до­ста­то­ци

sminka

Мно­гу же­ни во зи­ма не­ма­ат мно­гу вол­ја и жел­ба да се шмин­ка­ат и по­ве­ќе вни­ма­ние по­све­ту­ва­ат на не­га на ли­це­то, на но­ви кре­мо­ви и на трет­ма­ни на ко­жа­та, кои не се во­о­би­ча­е­ни за про­лет­ни­те и за лет­ни­те ме­се­ци. За­тоа про­лет­та е со­вр­ше­но вре­ме за по­ка­жу­ва­ње на но­во­то ли­це, со об­но­вен тен и уба­ва шмин­ка, ко­ја ќе ги открие си­те аду­ти, а ќе ги со­крие евен­ту­ал­ни­те не­до­ста­то­ци.

Ка­ко што се ме­ну­ва мо­да­та од се­зо­на во се­зо­на, та­ка е и со шмин­ка­та. Иа­ко овие трен­до­ви ќе би­дат по­пу­лар­ни во се­зо­на­та што прет­стои, тоа не зна­чи де­ка не мо­же­те уште се­га да ги про­ба­те.

Тро­пи­ка­на ре­тро-стил

sminka 2014 proljece01

Мно­гу е важ­но ко­жа­та на ли­це­то уба­во да ја под­го­тви­те, та­ка што шмин­ка­та би изг­ле­да­ла уште по­до­бро, од­нос­но по­у­ба­во би при­ле­га­ла. Зна­чи, пред да се наш­мин­ка­те, ли­це­то уба­во из­миј­те го со топ­ла во­да, на­пра­ве­те ле­сен пи­линг, на­не­се­те хи­дра­тан­тен крем и при­че­кај­те пет ми­ну­ти да се впие.

Отка­ко ќе го на­не­се­те кре­мот, по­треб­на ви е пу­дра во бо­ја на ко­жа­та, ко­ја ја на­не­су­ва­те ка­ко под­ло­га. Пу­дра­та на­не­се­те ја со пр­сти. По­тоа, не­пра­вил­но­сти­те, ка­ко по­доч­ни­ци, дам­ки, црн­ки, пре­криј­те ги со ко­ре­ктор во бо­ја на ко­жа­та или со ед­на ни­јан­са по­све­тол ко­ре­ктор, ко­га се во пра­ша­ње по­доч­ни­ци­те. На­не­се­те го та­ка за да се спои со пу­дра­та.

Се­га е вре­ме за наг­ла­су­ва­ње на кон­ту­ри­те на ли­це­то. Со го­ле­ма че­тка на ко­ја има прет­ход­но на­не­се­но ру­ме­ни­ло за ли­це, наг­ла­се­те ја ли­ни­ја­та на ја­болк­ца­та. Оваа се­зо­на во мо­да е бо­ја­та на кај­си­ја, ко­ја во се­бе има сил­на пор­то­ка­ло­ва но­та.

Шмин­ка­ње­то на очи­те поч­не­те го со на­не­су­ва­ње мо­лив за очи во бо­ја на ка­фе на гор­ни­от ка­пак. По­тоа, на гор­ни­от ка­пак на­не­се­те ка­фе­на сен­ка, не мно­гу тем­на, а ни­јан­са­та по­тем­на ка­фе­на на­не­се­те ја до ра­бот на ве­ѓи­те.

Ако има­те мож­ност, ста­ве­те ве­штач­ки треп­ки на над­во­реш­ни­те ра­бо­ви на ка­па­ци­те. Ако не са­ка­те, то­гаш ста­ви­те не­кол­ку сло­е­ви ма­ска­ра за треп­ки­те да би­дат по­буј­ни и за да ги про­дол­жи­те.

Ус­ни­те пр­во де­фи­ни­рај­те ги со пор­то­ка­лов мо­лив за ус­ни. По­тоа на­не­се­те ру­ме­ни­ло за ус­ни.

Ро­кер­ска шмин­ка

sminka 2014 proljece06

Пр­во сре­де­те ги ве­ѓи­те. По­до­бро е да се по­де­бе­ли и за­чеш­ла­ни на­го­ре, за да изг­ле­да­ат мла­де­шки, па по­тоа де­фи­ни­рај­те ги со ка­фен мо­лив за ве­ѓи.

На гор­ни­от ка­пак на­не­се­те црн мо­лив за очи. Тие што се по­ве­шти, мо­же да ста­ват туш за очи. Кон­цен­три­рај­те се ли­ни­ја­та да оди од вна­треш­ни­от кон над­во­реш­ни­от агол, а де­бе­ли­на­та да се зго­ле­му­ва ка­ко што од­ми­ну­ва пр­ва­та по­ло­ви­на од гор­ни­от ка­пак. Ко­га ќе дој­де­те до над­во­реш­ни­от агол на гор­ни­от ка­пак за­ста­не­те и поч­не­те да го ис­цр­ту­ва­те ра­бот на дол­ни­от ка­пак та­ка што ќе поч­не­те од над­во­реш­ни­от агол на очи­те, та­му ка­де што сте за­ста­на­ле со гор­на­та ли­ни­ја, и ис­цр­тај­те ед­на тре­ти­на од гор­ни­от ка­пак во об­лик на ли­ни­ја. Над­во­реш­ни­от ка­пак мо­ра да би­де ис­цр­тан во пра­ви­лен об­лик на бу­ква­та „V“. На дру­ги­от дел на дол­ни­от ка­пак, кој не е ис­цр­тан, со че­ткич­ка на­не­се­те сен­ка во свет­ла бо­ја – бе­ла или сре­бре­на.

По­тоа на­не­се­те ма­ска­ра на треп­ки­те со ко­ја ќе ги на­пра­ви­те по­буј­ни.

На обра­зи­те на­не­се­те мат-ру­ме­ни­ло во брон­зе­на или ка­фе­на ни­јан­са.

На овој изг­лед нај­до­бро му при­ле­га ру­ме­ни­ло за ус­ни­те во бо­ја на ко­жа.

„За­маг­лен пог­лед“

sminka 2014 proljece08

На обра­зи­те и на ус­ни­те на­не­се­те ру­ме­ни­ло и ка­ко крем.

Сен­ка­та за очи тре­ба да би­де во свет­ло­ка­фе­на ни­јан­са, мат, и се на­не­су­ва на гор­ни­от дел од оч­ни­те ка­па­ци. По­тоа тем­но­ка­фе­на сен­ка, исто та­ка мат, се на­не­су­ва на ра­бот на дол­ни­от дел на оч­ни ка­па­ци. На гор­ни­от дел од ка­па­ци на­не­се­те тем­но­ка­фен мо­лив за очи или, пак, туш во иста та­ква ни­јан­са. На крај, на треп­ки­те ста­ве­те ма­ска­ра за про­дол­жу­ва­ње и за да ги на­пра­ви­те по­буј­ни. Ве­ѓи­те истак­не­те ги со мо­лив за ве­ѓи во ка­фе­на бо­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top