| четврток, 6 декември 2018 |

Горна Австрија одбива крв од муслимани

krvodaritelДоктор од Црвениот крст на австриската покраина Горна Австрија ја одби акцијата за донација на крв на Исламската верска заедница во Линц. Муслиманското здружение го критикуваше ова однесување на Црвениот крст, сметајќи дека не е оправдано тврдењето дека наводно од медицински причини лица со муслиманско или турско потекло не се погодни за донација на крв.
Црвениот крст го образложи својот негативен став со тоа што лицата од просторите на југоисточна Европа имаат зголемен број на антитела на хепатит Б.
– Факт е дека во многу делови на југоисточна Европа постои зголемено присуство на антитела на хепатит Б. Поради тоа кај нас постои воздржаност во однос на примероците од лицата од тој регион, појасни главниот лекар во центарот во Линц, Кристијан Габриел.
Муслиманското здружение укажува дека е отворено прашањето колку е ризична крвта на муслиманите родени во Австрија. – Тоа што голем број муслимани, со австриско државјанство, се родени и пораснати во Австрија, а со тоа биле вклучени сето време во домашниот здравствен систем, очигледно не е важно, констатира ова здружение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top