| четврток, 6 декември 2018 |

Егзекутиран педофилот кој силувал и убил деветгодишно момче

Execution Jimmy Ryces660На Флорида е егзекутиран кубанскиот имигрант Хуан Карлос Чавес, кој е осуден на смртна казна бидејќи во 1995 година го киднапирал, силувал и убил деветгодишното момче Џими Рајс, изјави портпаролот на гувернерот на Флорида, Џеки Шуц. soba za ubistva
Егзекуцијата, на која присуствувал и таткото на момчето, за кратко била одложена поради поднесената жалба од страна на адвокатите на Чавес, но казната сепак набрзо била извршена, по отфрлањето на жалбата од страна на Врховниот суд.
Чавес го киднапирал малиот Рајс под закана со оружје откако момчето излегло од училишниот автобус на 11 септември 1995 година во југозападниот округ Мајами-Дејд.
за време на полициската истрага е утврдено дека Чавес го силувал момчето и го убил со пиштол при обид да побегне, а потоа го искасапил неговото тело. Остатоците од телото биле пронајдени дури три месеци подоцна, во близина на приколката каде што живеел Чавес.
Во својата последна писмена изјава пред смртта, Чавес не изразил жалење, истакнувајќи дека „никој од нас не може да суди за гревовите на другите луѓе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top