| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот амбиентален проект „Пост Глобал Трио“ ќе настапи во Белград

Македонскиот амбиентален проект „Пост Глобал Трио“ (Post Global Trio) оваа недела ќе забележи два концертни настапи во Белград. Првиот концерт е во склоп на „ImprovE 2“ вечерите, каде во соработка со „Пост Глобал Трио“ (Post Global Trio) ќе настапи и гитаристот Марко Јевтиќ.

Истата вечер ќе настапат и Асаф Гидрон (Assaf Gidron) од Израел заедно со Игор Станглицки (Igor Stangliczky). Настанот ќе се одржи на 15 февруари во „Леила бар“.

improvE 2.14 poster

„Improve 2“ е месечна платформа за креативни изведувачи, експериментатори и електро-акустична-визуелна комуникација. Серијата е посветена на изведување на нова музика, преку концерти, инсталации, работилници и ‘site specific’ интервенции, чија цел е да промовира современи тенденции во композицијата, импровизацијата, звучната уметност и визуелните уметности. На петнаесетти секој месец (почнувајќи од декември 2012), колектив на Белградски музичари и уметници се придружувани од гости кој доаѓаат од различни краеви на Европа, а настапите се случуваат на различни локации, како галерии, музеи и културни центри низ Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top