На програмата на Зимските олимписки игри денеска ќе бидат поделени медали во повеќе дисциплини. Во 11 часот ќе почне и натпреварувањето во крос кантри на 10 километри за жени, трка во која ќе учествува и Марија Колароска.
10.30 часот – слободно скијање могулс (мажи)
11.00 часот – крос кантри 10 км класично (жени) настап на Марија Колароска
13.05 часот – шорт трек (ж) 500 метри
15.00 часот – биатлон 20 км (м)
15.00 часот – брзо лизгање 1.000 метри (жени).
Покрај овие, ќе се одржат натпревари во карлинг (мажи и жени), шорт трек (мажи), санкање екипно, скелетон (жени), хокеј на мраз – жени и хокеј на мраз – мажи.
На машкиот дел од турнирот се играат дуелите: Финска – Австрија, Русија – Словенија, Словачка – САД и Канада – Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.