| четврток, 6 декември 2018 |

Сенатот го спречи банкротот на САД

torba pari dolariАмериканскиот Сенат усвои закон со кој на федералната влада ѝ се овозможува да зема кредити уште 13 месеци до март следната година.
Демократите, кои доминираат во Горниот Дом на американскиот Конгрес, го поддржаа законот со 55 гласа „за“, а 43 сенатори се изјаснија „против“. Законот вчера беше одобрен и од Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинство се републиканците.
Со тоа Конгресот го исполни барањето на американскиот претседател Барак Обама да ѝ дозволи на Владата да продолжи да зема кредити без никакви услови.
Со мерката ѝ се дозволува на федералната влада да зема кредити неограничено до 15 март. Со тоа привремено се решава ризикот од банкрот на САД, земја со најголема економија во светот. Технички лимитот на државниот долг на САД е фиксиран во моментов на 17 билиони и 211 милијарди долари. Законот ќе важи до 15 март 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top