Денеска ќе преовладува променливо време со подолги сончеви периоди. Услови за слаб дожд ќе има само рано наутро во крајните источни делови од земјата. Во текот на попладнето и вечерта разведрувањето ќе биде позначително. Дневниот максимум ќе биде понизок од претходните денови, па така максималната ќе достигне вредност меѓу 8 Целзиусови степени и 12Целзиусови степени низ котлините. Максимални 14 Целзиусови степени се очекуваат во гевгелискиот и во дојранскиот регион, објавува специјализираниот портал „Метеопро“.
Во Скопје се очекува променливо време со подолги сончеви периоди. Максималната температура ќе има вредност околу 12Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


