| четврток, 6 декември 2018 |

Снеже Велков: „Не контам“ е договорено

sneze-velkovДосега не сум имала никаков проблем со тоа што сум зборувала на македонски со кандидатите или со луѓето од продукцијата, изјави македонската водителка на „Икс-фактор“ Снеже Велков.

Таа вели дека во „Икс-фактор“ имаат сценарио по кое работат сите тројца водители. Сè е однапред договорено со сценаристите на шоуто.

– Пред секое прашање на македонски, ако некој од кандидатите не ме разбере истото тоа прашање го поставувам на српски, а во вклучувањето во живо го поставувам на македонски. И бидејќи некои разбираат сè, некои само нешто, се договоривме со Илма таа на моето прашање на македонски да каже „не контам“ за веднаш потоа мојата колешка Уна да се обиде да преведе, но таа не го стори тоа бидејќи Илма во истиот момент на македонски одговори: „Разбирам, разбирам“ и потоа си одговори на моето поставено прашање. Досега на сум имала апсолутно никаков проблем со тоа што сум зборувала на македонски со кандидатите или со луѓето од продукцијата, тие се секогаш на највисоко професионално ниво и многу симпатично реагираат на мојот мајчин јазик и ме тераат што почесто да комуницирам со нив на македонски за да можат да го запознаат јазикот што подобро – изјави македонската водителка Снеже Велков за ТВ „Пакет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top