Македонскиот репрезентативец и знаменосец на националниот тим Дарко Дамјановски на Олимпијадата во Сочи вечерва демантираше дека го продава телефонот што го добил како учесник на ЗОИ.
„Мојот телефон воопшто не се продава и нема таа цена која некој би ја платил за него. Но, овде во Сочи има многу други спортисти кои ги продаваат и воопшто не им значат ништо. Сакам да демантирам, по овие написи во медиумите, за да знае добро јавноста за што се работи. Повторно кажувам телефонот не се продава“, изјавил Дамјановски за весникот Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


