Со концерт за Денот на вљубените „Амор“ Македонската филхармонија ќе го одбележи Денот на вљубените, 14 февруари.
Од Филхармонијата најавуваат дека концертот, кој ќе се одржи в четврток (13 февруари) во 20 часот во Македонската опера и балет, е можност вечерта спроти празникот на љубовта публиката да ужива во прекрасна симфониска атмосфера со Оркестарот, диригентот Саша Николовски – Ѓумар и со солистката Наде Талевска.
Оваа година акцентот е ставен врз латино музиката, па така оркестарот ќе изведе популарни нумери кои во оригинал на музичката сцена ги отпеале Хулио Иглесијас, Мариса Монте, Џенифер Лопез, Антонио Бандерас, Рики Мартин, “Џипси кингс” и многу други. Ќе бидат изведени и атрактивни оркестарски композиции, меѓу кои тангото од филмот „Мирисот на жената”, „Мамбо” од „Приказна од западната страна” од Леонард Бернштајн и виртуозниот „Данцон број 2″ од композиторот Артуро Маркес.
Билетите, по цена од 500 денари, веќе се продаваат на билетарницата на Македонската филхармонија во Домот на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.