Шеесет и четиригодишниот велешанец И.Б. утринава излетал со својот автомобил „застава“ од патот Неготино-Штип и паднал во провалија длабока 150 метри, но преживеал, информираат од полицијата.
По страотната несреќа, возачот сам се јавил во полициска станица и побарал помош.
Полициските екипи го извлекле и потоа бил префрлен во штипската болница. Констатирани му се повреди на главата и е сместен на одделение за интензивна нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.