Македонија во декември минатата година ја посетиле 20.290 странски туристи кои оствариле 41.129 ноќевања. Најбројни биле Грците
3.933, потоа Бугарите 2.617, Србите 2370, Турците 1907 и Албанците 1868.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на странските туристи бележи пораст од 21 отсто.
Најмногу туристи го посетиле Скопје 10.651, туристичките места во земјата 7.372, планинските 4.221 и бањите 1.443 туристи.
Бројот на туристите во декември 2013 година изнесува 33.679, а бројот на ноќевањата изнесува 69 024. Бројот на туристите во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е зголемен за 7,3 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,1 отсто. Бројот на
домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8,5 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26 отсто.
Во периодот јануари-декември 2013 година, во однос на овој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,8 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 3,3 отсто, а кај странските има зголемување за 13,8 отсто.
Во текот на минатата година во однос на 2012 година бројот на ноќевањата е зголемен за 0,3 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 4,8 отсто, а кај странските има зголемување за 8,6 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.