| четврток, 6 декември 2018 |

Осамено момче благодарејќи на мајка си има 13 илјади пријатели на фејсбук

article-2556321-1B5EA8C500000578-907_634x390

Осамено единсесетгодишно момче од Мичиген, САД благодарејќи на мајка си сега има 13 илјади пријатели на социјалната мрежа Фејсбук.

Сѐ почнало кога мајката го прашала Колин како ќе го прослави 11-от роденден, а тој одговорил дека не сака забава бидејќи немал пријатели кои би можел да ги покани на забавата. Нејзе ѝ се скршило срцето и сакала да му покаже дека има многу луѓе кои го сакаат. Поради тоа направила страница на фејсбук и се надевала дека ќе добие одговор од 50 пријатели и роднини, но нејзиниот труд да покаже љубов и поддршка на својот син ги воодушевил луѓето ширум светот.

Колин има дијагностицирано пореметување кое е слично на аутизмот и има потешкотии во социјализирањето.

Џенифер напишала дека другите деца во училиште не си играат со него и дека тој секој ден сам руча. Таа сакала да му организира роденденска забава, но Колин не бил заинтересиран.

– Мислев дека ако направам страница на која луѓето ќе му пратат честитка за роденден и ќе го охрабрат, тоа ќе биде подобро од роденденска забава – вели мајка му Џенифер.

На стараницата се наоѓа и адресата на која сите кои сакаат можат да му пратат честитка за роденден. Досега коментари пратиле луѓе од Шкотска, Австралија и Швајцарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top