
Ми рече ќе те убијам ако не ми ги дадеш парите и со дршката од ножот со сета сила ме удри по десната рака. Од чантата ги зедов клучевите од сефот на поштата, го отворив и потоа силно ме удри по тилот. Повеќе ништо не се сеќавам.
Ова се зборови на Божана Маневска (63), вработена во Поштата во Kатланово, која завчера била жртва на разбојнички напад, објави „Дневник“. Разбојникот со нож ја нападнал и откако ја онесвестил, од сефот зел 400.000 денари и избегал.
– Kомпјутерот с` уште не беше вклучен кога внатре влезе момче. Помислив дека ќе купи весник. Ми се обрати со зборовите „каде си, стара пријателке“, а потоа извади нож од оној што скока. Се стаписав – вели таа.
На Маневска ова не ~ е првпат да биде жртва на разбојништво. Сликите од пред една година ~ се вратиле повторно кога разбојник дошол во поштата и заканувајќи ~ се со пиштол, зел 331.000 денари.
Божана 33 години работи во истата пошта. Вели оти никогаш немало чувар, ниту аларм. Но по ова разбојништво категорична е дека нема повеќе да се врати на работното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


