| четврток, 6 декември 2018 |

„Квин“ рекордери: Продале шест милиони копии од ист албум

Британската рок група „Квин“ се запиша во историјата на британската музичка топ листа како прва која продала шест милиони копии на ист албум.

Првата компилација на најголеми хитови на легендарната група – „Greatest hits“ од 1981 година, која содржи песни како „We Will Rock You“ и „Bohemian Rhapsody“, веќе наназад неколку години е најпродаван албум во Велика Британија, каде секое трето семејство поседува по еден примерок.

– Фантастична, неверојатна вест, беше коментарот на гитаристот на бендот Брајан Меј, кој воедно се заблагодари на оние кои со години ја поддржуваа групата.

Тапанарот Роџер Тејлор исто така им се заблагодари на обожавателите и наведе дека тоа е „голема чест“.

На второ место најпродавани албуми во Велика Британија е „Голд“ на шведската група „Аба“ од 1992 (5,1 милиони продадени изданија), на трето „Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band” на Битлси од 1967 година (5,1 милиони копии).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top