
Албанскиот демократски фронт за национално обединување со седиште во Тирана побарал во петокот – таканаречената Прешевска долина, осносно југот на централна Србија, „САД да ја земе од Србија, така што ќе ја прогласи за своја прекуокеанска територија по принципот како за Панамскиот Канал”.
Против оваа идеја реагираа Србите од Бујановац, кои во последните години се жртви на агресивна албанизација на српската општина, пишува “Вечерње новости”.
Ова е само уште еден политички удар врз српскиот народ во градот Бујановац, кој албанските националисти сакаат да го вградат во проектот „голема Албанија“. Албанците од Приштина и Тирана сакаат да го земат Бујановац од Србија и да го приклучат на Косово и Албанија.
-Од Движењето за Општина Бујановац со години предупредуваат на такви тенденции, но во централанат власт никој не слуша- вели д-р Миле Стојановиќ, лидер на Србите од Бујановац. Тој бара средба со премиерот Ивица Дачиќ и со претседателот Томислав Николиќ. Како илустрација на трендовите, лидерите на Движењето за Општина Бујановац цитира изјава на претседателот на Општинскиот совет -Јонуз Муслиу дека – “Србите нема да имаат ништо против да живеат во таква албанска држава”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лидерот на Албанците од Прешевската Долина: Мој претседател е Еди Рама, а не Вучиќ
-
Муслиу повикува на трета балканска војна – ќе горат Србија, Македонија, Грција и Црна Гора
-
Вучиќ за инцидентот во Бујановац: Не е убаво што ја немаше српската химна
-
Скандал во Србија: Албанскиот претседател во Бујановац дочекан само со албанската но не и со српската химна


