Атрактивниот актер Џорџ Клуни откри дека ќе престане да се занимава со актерството и ќе се посвети на режијата.
Ова го изјави на лондонската премиера на филмот „Чувари на наследството“, кој тој го продуцираше, режираше и беше еден од сценаристите. На премиерата изјави дека се подготвува за времето кога сѐ помалку ќе има понуди да глуми.
– Мислам дека тоа треба да го направите кога почнувате да стареете. Мора да имате втора варијанта и да се повлечете кога на луѓето ќе ви биде мака да ве гледаат пред камера. Со режирање филмови се занимавам со години и уживам во тоа – изјави холивудскиот актер.
Во филмот „Чувари на наследството“ тој глуми заедно со Мет Дејмон, Били Мареј, Џон Гудман, Кејт Бланшет и ова е шести филм во кој освен што има една од главните улоги, тој е и режисер.
Приказната во филмот е за постара група уметнички кустоси, историчари и архитекти кои ги ризикуваат своите животи кон крајот на Втората светска војна за да ги вратат скулптурите и сликите кои ги украле нацистите. Меѓу милионите украдени уметнички дела се и слики на Микеланџело, Леонардо да Винчи Рембрант, Пикасо и нивните дела и денес се наоѓаат по светот.
Филмот „Чувари на наследството“ својата скопска премиера ќе ја има утре, 13 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.