Две седмици откако лекарите се одбидоа да го разбудат од кома Михаел Шумахер, легендата на Формула 1, од болницата во Гренобл дојде лоша вест – популарниот Шуми доби воспаление на белите дробови.
Седумкратниот светски првак го лечат со силни антибиотици. Бидејќи лежи во кома, не може да кашла и да го исфрли секретот, а и имунитетот му е ослабен.
– Воспаление на белите дробови е сериозна болест во која организмот добива помалку кислород и така слабее. Ако болеста прогерира, тогаш може да се ослабнат органите и да дојде до смрт – изјави професорот Хајнц Петер, шеф на клиниката.
Претходно беше објавено дека Шуми не реагира на гласот на својата сопруга која секојдневно бдее над него во болница. Менаџерката на Шумахер не сакаше да ги коменира овие информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Серена Вилијамс му пиша на македонскиот тенисер: „Луѓе како тебе ме инспирираат“
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него