| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќа дождливото време

Средината на неделата ни носи облачно и дождливо време. Во западните краишта дождот почнува уште во претпладневните часови, но во источниот регион ќе започне да паѓа нешто нешто подоцна во текот на денот, јавува „Метеопро“.

Минималната температура низ котлините ќе биде помеѓу три и седум степени, а на повисоките места таа ќе се спушти до еден степен.

Максималната дневна температура ќе биде понискаод претходните денови, но сепак релативно висока за овој период од годината, па не очекуваат температури од помеѓу 10 и 15 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време, кое ќе донесе позначителен дожд во текот на попладнето и вечерта. Ќе дува слаб, на моменти до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе има вредност околу три, а максималната околу 12 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top