Македонскиот каратист Берат Јакупи, кој викендов во Лисабон на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, го одбрани златниот медал во категоријата до 78 килограми, вели дека не е изненаден од неговиот резултат.
– Мора да признам дека очекував ваков резултат. Напорно работев во подготвителниот период. Имав одлична соработка со мојот тренер и психологот. Поради тоа за овој мој успех се заслужни сите кои беа покрај мене – рече Јакупи, кој во Лисабон ја обрани титулата освоена минатата година во Коња, Турција.
Jакупи стигна до златото откако убедливо ги победи претставникот на Белгија (6-1), Србија (6-0), Словенија (2-0), Франција (8-1) и во финалето, домашниот каратист (4-0).
Македонската 30-члена репрезентација во борби и во кати на ова ЕП освои вкупно четири медали, од кои еден златен и три бронзени. Со бронза се закитија Пуликсенија Јованоска (кати) и Мартин Стојменов (Партизан, Кочани, до 61 кг) во борби, како и женскиот ката-тим во состав: Маријана Димоска, Мишела Димоска и Искра Каракашоска (КК Ронин, Прилеп).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.