| четврток, 6 декември 2018 |

Се породи Хурем (ФОТО)

Турската актерка Мерием Узерли, најпозната по улогата на султанката Хурем во серијата „Величествениот“, вчера се породи. Таа стана мајка на малечката Лара, а веста предмалку самата ја сподели на „Фејсбук“.

hurem 2

– Добредојде на овој свет, моја најмила ЛАРА УЗЕРЛИ (10.02.2014). Благодарна сум му на Господ што те прати кај мене и што здрава дојде на овој свет. Благодарна сум му на Севишниот што имав сила да те заштитам од самиот почеток, ти си жива – Тоа е најубавиот подарок. И благодарам на мојата пријателка Ана која беше со мене за време на породувањето, а благодарна сум и на целата моја фамилија, на сите пријатели и секако на сите вас кои секогаш ми праќавте позитивни мисли и љубов. Ви благодарам на сите – напиша Хурем под фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top