Со нов Олимписки рекорд Санг Хва Ли од Кореја стигна до златниот медал на ЗОИ во Сочи во трката на 500 метри брзо лизгање.
24-годишната Хва Ли по двете трки во финалната серија оствари вкупно време од 74 секунди и 70 стотинки што е нов Олимписки рекорд на делницата од 500 метри. За неа ова е второ злато од ОИ откако пред четири години во Ванкувер беше најдобра во истата дисциплина.
Среброто и припадна на Олга Фаткулина од Русија со 36 стотинки послаб резултат, а бронзата ја освои Маргот Боер од Холандија со заостанување од 78 стотинки зад старо- новата олимписка првенка.
Во дисциплината крос-кантри спринт нов олимписки шампион е Норвежанецот Ола Виген Хатестад. Тој беше најбрзо на патеката во од 1.800 минувајќи ја во време од 3:38.39 секунди.
Сребрениот и бронзениот медал патуваат за Шведска на градите на Теодор Петерсон кој заостана 1,22 секунди зад победникот и заврши како второ пласиран, односно неговиот сонародник Емил Јоенсон кој на кој до третото место стигна со 19.74 секунди послаб резултат од новиот олимписки шампион.
Во квалификациите кои се одржаа утринава, настапи и македонскиот нордиец Дарко Дамјановски, кој заврши на 78.место во конкуренција на 85 натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


