| четврток, 6 декември 2018 |

ЗОИ: Два медала за Норвешка

Норвежанката Марит Бјерген е победничка на денешната трка во дисциплината Скијатлон за жени 7,5 км. класичен + 7,5 км. слободен стил.

Триесет и тригодишната Бјерген до златниот медал стигна со време 38.33,6. Ова за неа беше четврти златен медал од олимпијадите.

На денешната трка второто место го освои Шарлот Кала од Шведска со заостанување зад победничката од 1,8 секунди.

Сонародничката на победничката, Хајди Венг и донесе уште еден медал на Норвешка. Таа патеката долга 15 километри ја помина со вкупно време 38.46,8 и го обезбеди најниското место на победничкиот подиум, односно бронзениот медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top