| четврток, 6 декември 2018 |

Чајнавуд – кинески Холивуд кој го освојува светот

чајнавуд
Најголемото светско студио веќе не се наоѓа во Соединетите Американски Држави (СДС), туку во Кина. Тоа сега е една од најголемите туристички атракции на оваа земја која годишно привлекува околу 11 милиони туристи.
Студиото кое популарно е наречено Чајнавуд се наоѓа во провинцијата Зејинг, пет часа возење од Шангај.

Иако некогаш ова било селско подрачје, во период од 10 години се развил во единствена урбана средина. На ова место, преполно со филмски сетови, се снимени преку илјада кинески тв-серии и долгометражни филмови, меѓу кои се и „Херој“ и „Скриен тигар, притаен змеј“.

Благодарејќи на вложувањата во овој проект, Кина се најде на второто место меѓу филмските индустрии во светот, веднаш зад САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top