Бразилската хеви-метал група „Сепултура“ на 9 јуни ќе одржи концерт во Скопје, кој е дел од актуелната светска турнеја на која легендарниот бенд од Бело Хоризонте, ќе го промовираат својот последен албум „The Mediator Between Head and Hands Must Be the Heart“.
„Сепултура“ ќе настапат во Младинскиот културен центар. Цената на картите и преостанатите детали околу концертот, како и групите што ќе свират како домашна поддршка, ќе бидат објавени наскоро. За „Сепултура“ ова ќе биде прво гостување во Македонија.
„Сепултура“ е еден од бендовите што во 90-тите години го обликуваа модерниот агресивен, брз и тежок метал-звук. Основач на бендот е пејачот и гитарист Макс Кавалера, кој ја продолжи кариерата со групата „Соулфлај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


