| четврток, 6 декември 2018 |

Постар штипјанец предизвикал пожар и изгорел

pozar-foto-naslovna

Шеесет и шестгодишниот М.М. добил тешки изгореници во пожар што синоќа самиот ненемерно го предизвикал во неговата куќа во  штипската населба „Македонка“.

Началникот на Одделението за инетнзивна нега во Штипската болница, Билјана Ефтимова, информира дека пациентот е хоспитализиран во 22 часот и 30 минути и е донесен со изгореници од прв, втор и трет степен, а во текот на ноќта е реанимиран и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Командирот на противпожарната единица Кирче Патраклиев вели дека околу 22 часот биле известени за пожарот и веднаш реагирале. Човекот кој што се запалил во неговата куќа е извлечен од страна на пожарникарите. Се утврдуваат причините за пожарот кој настанал во куќата на 68 годишниот М.М.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top