| четврток, 6 декември 2018 |

„Соба со пијано“ на Европскиот филмски маркет во Берлин

pijano

Филмот „Соба со пијано“ на македонскиот режисер Игор Иванов беше прикажан на Европскиот филмски маркет (ЕФМ), во рамките на Интернационалниот фестивал во Берлин. На проекцијата присуствуваа триесеттина дистрибутери, директори на филмски фестивали и продуценти, за кои и беше наменета оваа специјална затворена проекција.

ЕФМ се организира секоја година и е посетен од огромен број продуценти, дистрибутери, финансиери, фестивалски организатори од целиот свет, меѓу кои оние најголемите и најистакнатите и важи за еден од најзначајните меѓународни собири за филмската индустрија.

Претставувањето на „Соба со пијано“ на ЕФМ е организирано од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија, која неколку години назад ја промовира најновата македонска продукција, а филмот го претставуваат режисерот Игор Иванов и Томи Салковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top