Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ, со која разговарале за повеќе актуелни прашања и теми од сферата на медиумите.
Премиерот Груевски ја истакнал подготвеноста и отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за
Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле.
На овој начин, потенцирал премиерот, прецизно се дефинирани и законски регулирани повеќе области. Примарната задача на новите законски решенија, како што посочил на средбата Груевски, е обезбедување и поттикнување на развој на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, како и развој на медиумската сфера и независната продукција,
поттикнување на културата на јавен дијалог во насока на заштита и поттикнување на творештвото, слободата, образовниот и научниот развој.
Претставничката за медиуми на ОБСЕ го поздравила носењето на таквите законски решенија, истакнувајќи притоа дека компаративно гледано спаѓаат меѓу подобрите во регионот.
Истовремено, Мијатовиќ посочила дека преостанува процесот на нивна имплементација што, како што подвлекла на средбата, зависи од волјата, капацитетите и подготвеноста на сите чинители во тој процес.
– Премиерот Груевски даде силна поддршка на имплементацијата на донесените законски решенија упатувајќи благодарност до претставниците на ОБСЕ за поддршката и нивната вклученост во тој процес. Претставничката на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ информираше дека Република Македонија ќе биде домаќин на регионалната медиумска конференција која ќе се одржи во Скопје – се вели во соопштението не владината прес-служба.
Соговорниците на средбата се согласиле дека заеднички ќе продолжат да придонесуваат за унапредување на стандардите и обезбедување на развој во медиумската сфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски