Бистата на народниот херој Чеде Филиповски-Даме вчера била откорната од дворот на средното училиште во Гостивар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера се случил инцидент во двор на средното економска училиште во Гостивар на улицата Живко Брајковски.
Непознати лица ја откорнале и турнале на тревникот бистата на народниот херој Чеде Филиповски-Даме.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата кои го уништиле споменикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.