| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетите за масакрот кај Смилковското Езеро го бараат за сведок Елвир Мекиќ

Пејачот Елвир Мекиќ ќе сведочи за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на барање на одбраната.

Адвокатот на осомничените за масакрот Насер Рауфи ќе побара пејачот да сведочи затоа што дента пред да се случи убиството снимаше спот на магистралата во близина на езерото. Ако е потребно, тој ќе побара да се гледаат и снимките од видео материјал.

Рауфи исто така најави дека има обезбедено многу сведоци и докази кои ќе го потврдат алибито на обвинетите.

– Тој ден е сниман дури и спот од еден наш естраден уметник, Елвир Мекиќ. Во тек на доказна постапка ќе се воспостави дека на лице место тој ден било многу фреквентно и ние со овие свидетели ќе докажеме дека отсуствувале сите овие обвинети за овој грозоморен чин. Мислам дека од страна на судот ќе ни биде удоволено бидејќи се работи за сериозно обвинение. Но, и покрај тие вербални докази и сведоци, располагаме и со други докази за кои во овој момент не би сакал да дадам податоци, изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top