Министерствотот за здравство донесе нова мерка за здравствена заштита на бремените жени, од која се очекуваат позитивни ефекти. Имено бремените жени корисници на социјална помош, минимална плата или невработени, се ослободуваат од партиципација за микробиолошките прегледи. Потребно е само да достават доказ дека припаѓаат на една од овие категории.
Како што посочи министерот за здравство, Никола Тодоров, околу 6.000 жени годишно ќе можат да прават бесплатни брисеви, но во зависност од бројот на жени, мерката може да биде и проширена.
По бројни анализи и разговори со експерти, утврдено е дека предвременото раѓање е најчеста причина за доеничка смртност.
Инфекциите, посочи Тодоров, се сериозни во бременоста и доведуваат до разни несакани последици, па дури и смртност.
Најчести причини за доеничка смртност се неодење на гинеколог во текот на бременоста и неправењето на овие микробиолошки тестови.
Кај бремените жени од овие категории ќе се прават четири тестови во периодот од 12 до 14 недела од бременоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Има нешто во водата: Во исто време во иста болница бремени останале 16 медицински сестри
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Поради жештините: Бремените жени и хронично болните да не одат на работа