Маскирани разбојници вчера во Велес го ограбиле казиното „Адмирал“ кое се наоѓа на улицата „8 Септември“. Маскираните биле вооружени со пиштоли. Тие околу 23,30 часот влегле во казиното и им се заканиле на двајцата вработени. Разбојниците украле над 110.000 денари и заминале во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.