| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена поштата во Катланово

stop-policija-652

Вчера утрината околу 7 часот била ограбена поштата во Катланово и биле украдени 400 илјади денари, соопштија ов МВР. Од полицијата велат дека крадецот влегол во поштата и на вработената Б.М. (63) и се заканил со нож, по што жената се онесвестила. Разбојникот потоа ги земал парите и заминал во непознат правец.

Онесвестената Б.М. ја пронашол друг вработен кој дошол подоцна на работа, по што ја пренел жената во болница од каде и случајот бил пријавен во полиција.

Колку за потсетување минатата година , поточно на 21-ри јануари беше ограбена поштата во Катланово кога истата вработена беше соочена со разбојник со пиштол.

И тогаш вработената Б.М. на која и се заканија со пиштол се онесвести и беше пренесена во болница. Крадецот минатата година ја „олесни“ поштата за 331.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top