Роберт Левандовски играчот на Борусија Дортмунд по одлуката како слободен играч да се пресели ова лето во Баерн Минхен стана најнепосакуван лик кај „жолто-црните“. Навивачите на Борусија не можат да му простат на полскиот интернационалец за одлуката да го засили лутиот ривал во „бундес лигата“. непознати сторители успеале во текот на ноќта да му ги украдат сите четири тркала од неговото „милениче“ Порше. Ова не е првпат да настрада возилото на Левандовски. Според ова него го очекуваат тешки четири месеци престој во Дортмунд, иако со успех настапува за клубот со кого освои две шампионски титула во Германија и продолжува да ги тресе противничките мрежи и оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Произведуваа автомобили, а сега почнаа и нешто друго: „Порше“ започна со производство на мед
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд