Рускиот весник „Комерсант-Украина“ објави дека шефот на претседателската администрација во Украина Андриј Клуев минатата недела разговарал со опозиционерката Јулија Тимошенко околу тоа нејзината партија „Баткившчина“ (Татковина) и владеачката Партија на регионите да формираат коалициско мнозинство во парламентот. Според весникот, двајцата разговарале минатата недела во болницата во Харков, каде поранешната премиерка Тимошенко се наоѓа на лекување.
Се додава и дека блиски луѓе од кабинетот на шефот на администрацијата овие информации ги нарекува „Чудни“. Но, сепак се известува дека резултат на договорот на таа посета е Татковина да учествува во формирање на нова влада, премиер да биде Арсениј Јацењук, да се направат уставни реформи, а Јулија Тимошенко да биде ослободена од затвор.
Потврда за овој договор нема ниту од Тимошенко.
Предлогот за Јањецук е на претседателот Виктор Јанукович, но со услов тој јавно се огради од опозицијата и наместо својата да ја реализира програмата на шефот на државата. Јацењук е согласен опозицијата да формира влада ако Украина се врати кон Уставот од 2004 година. Неделава се очекува на Врховната рада да и биде предложена кандидатурата за нов премиер по оставката на Микола Азаров, прифатена на 28-ти јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени