| четврток, 6 декември 2018 |

Воениот врв на Гвинеја загина во авионска несреќа

Воена делегација на Гвинеја, меѓу кои и началникот на генералштабот загина во авионска несреќа што се случи денеска во близина на главниот град на Либерија, Монровија.

Делегацијата патувала на прославата по повод Денот на оружените сили на Либерија.

– Имаше десет луѓе во авионот и нема преживеани, соопштил либерискиот министер за информации Луис Браун.

Според информациите на властите во Либерија, авионот се урнал во близина на најголемиот аеродром во оваа африканска земја, на околу 45 километри од главниот град. Портпаролот на војската на Гвинеја пак ја потврдил несреќата и соопштил дека во авионот имало меѓу 12 и 18 офицери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top