| четврток, 6 декември 2018 |

Центар за британски визи во Скопје

viza

Mакедонските граѓани на кои им е потребна британска виза oд 26 март годинава ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата „Телеперформанс“, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и за миграција.

Канцеларијата на компанијата ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот од понеделник до среда. Апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин.

За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моментната конзуларна курсна листа, која претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство.

Повеќе информации за измените во врска со начинот на работа граѓаните ќе можат да добијат преку веб-страницата на Амбасадата на Велика Британија.

Британската Агенција за визи и за миграција на 30 септември објави дека глобалните договори за оперирање со центрите за аплицирање за визи им се доделени на фирмите„ Телеперформанс“ и „ВФС Глобал“.

Македонските граѓани од пред околу две години досега мораа за британска виза да одат во Белград, соседна Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top