Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, предупреди дека социјалните протести во БиХ би можеле да се претворат во етничко-верски конфликти.
Иако состојбата во Босна не се наоѓала на дневниот ред на минатиот состанок на шефовите на дипломатии од ЕУ, Курц ја отвори темата со ова предупредување, тврди виенскиот весник „Пресе“.
Тој им упатил и порака на политичарите од Сараево до Бања Лука.
– Ова е повик за будење, пред сè за политичката класа во БиХ. Тие мораат да го надминат застојот во земјата и да го поттикнат европскиот реформски процес – истакна Курц.
Австрискиот министер конкретно побара одлучна борба против корупцијата, реформи во судството и измена на Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех
-
Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија
-
Себастијан Курц в петок доаѓа во официјална посета на Македонија