На натпреварите од НБА-лигата одиграни претходната ноќ, фаворитите ја оправдаа својата улога, со исклучок на поразот на Сан Антонио од Детроит.
Промената на Морис Чикс, очигледно, имаше позитивно влијание на играчите на Детроит Пистонс, кои ја совладаа фаворизираната екипа на Сан Антонио Спарс. Целата прва петорка на Детроит беше двоцифрена, Брендон Џенингс со 21 поен беше најдобар меѓу нив. Од гостинскиот тим најдобар беше Италијанецот Марко Белинели со 20 поени.
Хјустон рокетс продолжија да газат сè пред себе и на гостувањето во Минесота каде што беа предводени од Чендлер Парсонс, кој постигна 20 поени и Џејмс Харден со 19 поени дојдоа до шестата победа едноподруго. Во екипата на Минесота како по обичај најдобар играч беше Кевин Лав со 31 поен и 10 скока, но не наиде на подршка од своите соиграчи.
Голден Стејт вориорс ја декласираа Филаделфија со 43 поени разлика и ѝ го нанесоа седмиот пораз по ред, а најефикасен на натпреварот беше Морис Спитс, кој покрај 32 поени имаше и осум украдени топки. Покрај него одличен беше и Стеф Кари кој постигна 23 поени.
Резултати:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.