Во годините кога се навршуваат 70 години македонско радио и 50 години македонска телевизија, јавниот сервис ќе додели признанија за најуспешните од општествено-културниот живот, на манифестацијата наречена „МРТ за најдобрите“.
Настанот ќе се одржи на 16 февруари во Македонскиот народен театар (МНТ).
Планот е оваа манифестација да прерасне во традиционална, а намерата е да им оддаде почит на личности и дела, кои со своите достигнувања дале позитивен ефект врз заедицата. Ќе бидат доделени признанија во 19 категории, инвестиција на годината, град на годината, кампања, пронајдок, хуманист, туристичка понуда, филм, книга, уметник , проект, подвиг, хит од забавната и од македонската музичка фолк-сцена, фестивал, спортски успех, менаџер. Ќе се доделат и признанија за општествена одговорност, театарска претстава и настан кои ја одбележаа 2013 година.
Вечерта посветена на најдобрите ќе биде збогатена со изведби на познати естрадни и уметнички имиња како Kаролина Гочева, Тамара Тодевска, дел од ансамблот на Македонскиот народен театар и Детскиот хор како и „Биг бендот“ на МРТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август
-
Во Париз манифестација за „Суверена и мултукултурна Македонија“
-
Аргирова го сними интервјуто инкогнито, без да ги следи професионалните принципи, затоа Информативната програма треба да се извини