| четврток, 6 декември 2018 |

Милан го напушта „Сан Сиро“

Еден од најпопуларните италијанси клубови Милан, до 2017 година би требало да го напушти стадионот „Сан Сиро“, пренесуваат италијанските медиуми.

Милан и Интер се договориле веќе да не го користат заедно стадионот „Сан Сиро/Џузепе Меаца“, така што„росоњерите“ очекуваат изградба на нов стадион, кој би требал да биде на шест километри од моментниот дом на црвено-црните. Конечната одлука ќе се знае кон средината на март, кога Милан, на чело со Барбара Берлускони, ќе побара изградба на нов стадион, кој би требало да биде готов на почетокот од сезоната 2016/17 година.

Милан на споменатиот стадион е домаќин уште од далечната 1926 година, а со градскиот ривал Интер го дели од 1947 година. „Сан Сиро“ ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во 2016 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top